27 септември 2022

Превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници при Отсекот за превенција на СВР Велес во соработка со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес и ОКП при СВР Велес реализираа едукативна активност под мотото " Насилството раѓа насилство", со учениците од ОУ “Блаже Коневски“ од Велес.

Основна цел на едукативната работилница беше подобрувањето на безбедноста на учениците во образовно – воспитната установа, како и намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците.