27 септември 2022

Превентивна активност на СВР Куманово

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Куманово, денеска (27.09.) во село Пчиња, кумановско спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот под мотото - „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.

Во непосреден разговор со возачите на земјоделските машини им беше укажано на важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на возилата, а посебно им беше потенцирано за потребата околу техничката исправност на оваа механизација првенствено поради нивната лична безбедност и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Воедно на тракторите им беа поставувани флуоресцентни самолепливи ленти заради нивно обележување при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот.