23 септември 2022

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот ", превентивна активност на СВР Велес

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска (23.09.) во Основното училиште „Даме Груев“ во Градско организираше и реализираше едукативна превентивна активност со првачињата од ова основно училиште.

Под мотото - "Да ги заштитиме децата во сообраќајот" полициските службеници во разговор со децата им укажаа за основните правила и прописи од сообраќајот, за нивно почитување, за поголемо внимание независно дали се движат пеш или со велосипед.

Воедно на учениците покрај честитките за почеток на нивното образование, односно за успешна и безбедна 2022/2023 година им беше поделен и едукативен печатен материјал прилагоден за нивната возраст.