21 септември 2022

Превентивна активност на СВР Скопје – „Полицијата блиску до граѓаните“

Денеска (21.09.), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во рамки на концептот „Полицијата блиску до граѓаните“, односно поблиска соработка меѓу полицијата и локалните самоуправи, одржаа координативна средба со претставници на Секторот за образование при општина Центар.

На средбата фокусот беше ставен зголемувањето на информираност и подобрување на безбедносната состојба на територијата на Град Скопје и во текот на учебната 2022/2023година преку реализирање на континуираниот превентивен проект - „Безбедност во училиштата“.

Притоа, предвидено е во учебната 2022/2023 година на подрачје на општината Центар со превентивни активности да бидат опфатени две основни училишта, односно училиштата „Кочо Рацин“ и „Кирил и Методиј“.
Воедно, по повод Европската недела на мобилност Одделението за превенција учествуваше и во превентивните активностите реализирани меѓу децата од ЈУГД „13 Ноември“, на кои што им беа појаснети правилата во сообраќајот, правилното управување на тротинет, начин и правила на поминување на улица.