Денеска (21.09.) во посновното училиште „Браќа Рибар“ во селото Табановце, кумановско, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, од Полициската станица за граничен надзор Сопот, како и претставници на Црвениот Крст на РСМ, реализираа превентивни активности со учениците од ова мултиетничко училиште.
Притоа, на темата – „Превенција и заштита од пренесување на заразни болести“, на учениците им беше подготвена едукативна презентација за опасностите и заштитата од зараните болести, особено низ призмата на работа на кризно-превентивните институции во такви околности, како што се полицијата и Црвениот крст.