Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата денеска (21.09.) во Кавадарци реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот – „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.
Тргнувајќи од фактот дека сега е период кога интензивно се одвиваат земјоделски активности, како што е гроздоберот во овој регион и поради зголемениот број на земјоделски машини, кои се вклучени во сообраќајот на патиштата, полициските службеници им укажаа на низа законски и важни аспекти за безбедно учество во сообраќајот. Притоа, на тракторите им беа поставувани и флуоресцентни лепенки, ротациони светла за поголема видливост и со нивните сопственици се разговараше и околу техничката исправност на оваа механизација вклучена во сообраќајот, како и за почитувањето на сообраќајните правила и прописи, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.