Вчера (20.09.), во просториите на Регионалниот центар за гранични работи Север, полициски службеници од оваа организациона единица и од Одделот за гранични работи и миграција при МВР одржаа средба со студентски претставници од ФОН, од Европскиот универзитет, од УТМС, Воената академија, а во насока на превенирање на можностите од проблеми за студентите со статус на странци, кои што студираат на факултетите во РСМ.
Имено, целта на средбата беше преку информативно запознавање на студентите со нормативните одредби, како и процедурите за пријавување и претсој на странци во нашата држава, да се одбегнат сите можни компликации и законски прекршувања што би можеле да го спречат нормалното функционирање на образовните институции во кои што има странски студенти, така и за самите студенти-странци што го реализираат своето академско образование кај нас.