20 септември 2022

Превентивна активност на РЦ Исток и СВР Штип со РСБСП – „Вози одморен“

Денеска (20.09.2022) на Граничниот премин Делчево, полициски службеници од Полицката станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево - Регионален центар за гранични работи Исток и Отсекот за превенција при СВР Штип, во соработка со РСБСП, спроведоа превентивно едукативна кампања под мотото „Вози одморен“.

Целта на кампањата е да се потсетат возачите на влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности , да патуваат одморени и наспани и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на заморот.

Покрај брзото возење и алкохолот и заморот претставува една од главните причини за предизвикување на сообраќајните незгоди.
Апелираме да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и да прават повеќе паузи при подолго возење за да се зголеми безбедноста во Сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта .