Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, а во соработка со Локалниот совет за превенција при општина Гази баба, во канцеларијата за превенција во месната заедница Стајковци одржаа средба со жители од оваа месна заедница, како и со жители од месните заедници Брњарци, Синѓелиќ, Алија Авдовиќ и Црешево.
Тема на средба беше спречување на нарушување на јавниот ред и мир, особено во јавниот градски превоз, појавата на меѓуврсничко насилство кај младите и преземање на превентивни мерки и активности за справување на ваквите појави.
На средба, на која покрај членовите на локалниот совет за превенција, присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стевковски, беше договорено да се зајакнат превентивните мерки и работа со младите во основните и средните училишта, како и реализирање повеќе едукативни културни и образовни активности за меѓуетничка интеграција на младите, а во организација на општината и во соработка со останатите владини и невладини институции.
Активностите предвидено е да започнат веднаш со организирање на трибина во ОУ „25-ти Мај“ со претседатели на Совет на родители, претставници од верските заедници, од сите основни училишта од општина Гази Баба и организирање трибина во средните училишта на подрачје на општината .