20 септември 2022

Превентивна активност на СВР Охрид со РСБСП по повод „Европската недела на мобилност“

Вчера (19.09.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, по повод „Европската недела на мобилност“, на подрачјето на Охрид спроведоа сообраќајно воспитно – едукативна кампања.

Активностите во рамки на превентивната акција беа насочени кон непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се велосипедистите. Притоа, на најфрекфентните охридски сообраќајници, на велосипедистите им беа делени едукативно-информативни летоци со низа практични совети како учесници во сообраќајот, а со цел, покрај подигањето на нивото на личната и општа сообраќајна безбедност, да се промовира оваа алтернативна форма на мобилност.