19 септември 2022

СВР Куманово спроведе превентивна активност за безбедно учество на децата во сообраќајот

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Куманово, денеска (19.09.2022) во Детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово ја реализираше превентивната кампања за безбедно учество на децата во сообраќајот. Целта на оваа активност е децата, уште од најрана возраст да се едуцираат за сообраќајните правила и прописи, како и за безбедното движење по улиците.


Децата од предшколска возраст од клонот „Детелинка“, по теоретското предавање подготвено за нив, имаа можност непосредно на крстосница да се запознаат како и каде безбедно да ја поминат улицата, односно беше направена практична демонстрација на правилно и безбедно поминување на пешачки премин и семафор.