Денеска (19.09.2022) СВР Велес - Отсек за превенција, по повод „Европска недела на мобилност", во соработка со полициски службеици од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес и со општина Велес, реализираа едукативна работилница со учениците од ОУ „Блаже Коневски“ Велес на тема: „Безбеден сообраќај, безбедни велосипедисти, безбедни пешаци". Едукативната работилница имаше за цел запознавање на учениците со сообраќајните правила и прописи, нивното значење, особено од аспект на безбедноста. Истовремено, едукативната работилница беше искористена и за промоција на алтернативни форми на мобилност, како што се пешачењето и велосипедизмот.
Исто така, денеска и полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Југ реализираа превентивен координативен состанок во просториите на оваа организациона единица во Кавадарци, на кој што беа поканети претставници на ловните друштва и концесионерите на ловишта, што гравитираат на подрачјето под надлежност на РЦ за ГР Југ. Притоа, основна тема беше превенцијата од криволов и доследното почитување на Законите за лов и за оружје, како и казнените одредби од Кривичниот законик по однос на оваа проблематика.