Секторот за внатрешни работи Битола, односно ОВР Македонски Брод денеска (19.09.2022) на подрачјето на надлежност на ова Одделение за внатрешни работи реализираше превентивна активност од областа на безбедност на сообраќајот.
Имено, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на сообраќајот под мотото „Намали брзина, ти си одговорен“, превентивно, во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, укажуваа на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено околу прилагодувањето на брзината на движење, како една од главните причини за сообраќајни несреќи. Притоа, полициските службеници на возачите им делеа и печатен едукативно-информативен материјал за нормите што ја регулираат брзината на движење и казните за непочитување на истите.