На 17.09.2022 во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, спроведена е превентивнa активност преку средби со граѓани на тема „Права и обврски на странските државјани со регулиран привремен престој согласно Законот за Странците.
Во рамки на активноста реализирани се средби со лица странски државјани со регулиран привремен престој, кои се во потесно семејство со државјани на Република Северна Македонија во с.Бигла, с.Тодоровци и с.Очипала, каде на лицата странски државјани од страна на полициските службеници им е укажано за навремено продолжување на дозволата за привремен престој. Полициските службеници ги информирале лицата кои документи им се потребни за продолжувње на привремениот престој, правото дека со исполнување условот три години брак и една година престој имаат право да поднесат барање за прием во државјанство на Република Северна Македонија, дека имаат право на здравствено осигурување, право на вработување и на дообразување.
Исто така, при средбите на лицата им е укажано доколку имаат некаков проблем да се обратат до најблиската полициска станица, кај инспекторите за странци и превенција или на телефонскиот број 192 .