Денеска (18.09.2022) СВР Битола - ОВР Ресен спроведе превентивна активност на подрачјето на ОВР Ресен во рамките на „Европска недела на мобилност" во содејство со РСБСП.„Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот.
Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и МВР во овој период реализираат низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.