17 септември 2022

Превентивна активност на СВР Битола

СВР Битола денеска (17.09.2022)учествуваше во одбележувањето на Светскиот ден на првата помош како дел од Конвенцијата на прва помош која се одржа во Битола на која учествуваа сите организации на Црвениот крст од државата.

На неколку локации по "Широк Сокак" во Битола се прикажа укажување на прва помош и заштита.
СВР Битола покрај обезбедување на настанот беше присутна и при изведување на вежба симулација на пожар и сообраќајна незгода во Битола, како и пружење на прва помош на настраданите.