Вчера (15.09.) во прилепското село Селце полициски службеници од ОВР Прилеп имаа средба со жителите од селото, а во рамки на континуираните превентивни активности, на која темата на разговор беше посветена на пожарите, односно превенцијата и заштитата од шумски пожари.
Полициските службеници од своја страна ги информираа жителите на Селце за опасности по материјалните добра и животите на луѓето, потоа за законските одредби при невнимателно постапување со оган, особено при палење на стрништа и меѓи, а воедно беа поделени едукативно-информативни флаери со низа важни содржини од областа на превенцијата од и заштита на од пожари.