15 септември 2022

Превентивна активност на СВР Куманово, одбележан Светскиот ден на прва помош

Денеска, по повод одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, СВР Куманово, односно Отсекот за превенција во соработка со Oпштинска организација на Црвен крст Куманово, реализираше показни вежби за правилно укажување на прва помош.
Волонтерите на Црвениот крст симулираа незгоди на повредени лица од тврд предмет, од сообраќајна незгода или повреда од пожар, а полицијата од возачите кои ги стопираше бараше да им укажат прва помош. При изведување на симулациските вежби се вклучи и екипа на Брза помош.
Возачите на овој начин имаа можност да се потсетат на часовите на прва помош кои се посетуваат пред полагање на возачкиот испит и да покажат како треба да пружат прва помош во случај на сообраќајна незгода во која има повредени патници.