Вчера (14.09.) Одделението за превенција при СВР Скопје продолжи со реализација на превентивните активности насочени кон превенција од имотни деликти, фокусирајќи се на подрачјето од надлежност на Полициската станица од општа надлежност Аеродром.
Притоа, во ТЦ Бисер, полициските службеници заедно со претставници од локалната самоуправа, на месните заедници, на заедниците на станари, и на здруженијата на пензионери од ова подрачје одржаа средба со граѓаните на која што беа презентирани низа начини за внимателност и самозаштита од кривични дела од областа на имотните деликти. На граѓаните им беа поделени и едукативно-информативни летоци со совети за заштита на својот личен имот од кражби по станови , куќи и други објекти, поголемо внимание од џепните кражби и измами.