Во склоп на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи - „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од ОВР Крива Паланка реализираа превентивна активност, со цел подигање на свеста кај возачите односно зголемување на сообраќајната култура.
На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина со порака до возачите на моторни возила, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ги паркираат возилата совесно и одговорно со цел да се ослободат тротоарите за пешаците, особено за најмладите. Исто така, им беше укажано да ја почитуваат препорачаната брзина и да не возат под дејство на алкохол.