Во склоп на оперативниот план на МВР - „Безбедно лето 2022“ полициски службеници од ОВР Крива Паланка реализираа едукативна работилница за ученици од прво одделение во основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка, со цел запознавање на најмладите со сообраќајните правила и прописи.
Полициските службеници на децата им објаснуваа како безбедно да се движат и дека секогаш треба да се движат по тротоар, улицата да ја преминуваат на пешачки премин...Ваквите превентивни активности на СВР Куманово продолжуваат и во наредниот период и во другите училишта.