02 септември 2022

„Слави со срце, не со оружје“- превентивна акција на СВР Скопје во Бојане


Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од оперативниот план „ Безбедно лето 2022 “ денеска (02.09.) беше реализирана превентивна активност под мотото – “Слави со срце , не со оружје“ што МВР ја реализира во соработка со УНДП, а овој пат на подрачјето на Полициското одделение Сарај, во село Бојане. Полициските службеници во разговори со граѓаните укажуваа на сите опасности и штетни последици од ова незаконско поведение.

Истовремено, во насока на дополнително едукативно –информативно запознавање, особено со казнените прекршочни и кривични одредби од Законот за прекшоци против јавниот ред и мир и Кривичниот закон, на граѓаните им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивните законски регулативи.