01 септември 2022

Превентивни активности на СВР Куманово на почетокот на учебната година


Денеска (01.09.2022) во Куманово, во рамките на проектот „Безбедни училишта“, на првиот училишен ден од новата учебна 2022/2023 година, од страна на Отсекот за превенција при СВР Куманово беа посетени основните училишта на подрачјето на општина Куманово. При тоа, како и секоја година полициските службеници им посакаа успех и безбедна учебна година на сите ученици, а во непосредните разговори со учениците им беа презентирани низа важни сообраќајни поуки, како и сообраќајните правила и прописи чие што почитување е од пресудна важност во остварувањето на безбедноста во сообраќајот.

На децата особено им беше укажано за нивната обврска за почитување на сообраќајните правила и прописи како пешаци, односно безбедно движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, следење на сообраќајните знаци, и на семафорите. Исто така, од страна на полициските службеници беше остварена средба и со одговорните на училишните тимови за безбедност и директорите во училиштата, каде беше разговарано за продолжување на заедничката соработка во натамошниот период а во рамки на проект „Безбедни училишта“.