Полициски службеници од Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска (26.08.) во рамки на кампањата што МВР и УНДП ја спроведуваат изминатиов период на цела територија на државата под мотото “Слави со срце, не со оружје“ во скопските села Радуша и Рашче реализираа превентивни активности.
Во соработка со претставници на месните заедници и населението од овие две скопски села на повеќе локации полициските службеници практично одржуваа куси и интеркативни едукативни разговори со граѓаните на кои што беа презентирани сите законски последици, прекршочни и кривични, по однос на незаконската употреба на оружјето при прослави и веселби, како и последиците што таквиот начин на прославување ги носи.
Во насока на подетално запознавање и едукација околу оваа проблематика беа делени печатени информативни материјали на граѓаните, а со цел да се подигне јавната свест и информираноста за штетноста и казнивоста на употребата на оружјето при прослави и веселби, и елиминирање на оваа појава.