26 август 2022
Превентивни активности на СВР Велес
Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица од општа надлежност при СВР Велес во текот на денешниот ден (26.08.2022) спроведоа заедничка превентивна активност под мотото „Полицијaта и граѓаните заедно“. Притоа, на различни локации во градот беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки за граѓаните за превенција од кражби во домот.