26 август 2022

Соопштение Превентивни активности на СВР Битола

  Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето", на 25.08.2022 полициски службеници од СВР Битола и Полициските станици Ресен, Македонски Брод, Крушево и Прилеп, Полициските одделенија Новаци и Велушина спроведоа повеќе превентивни активности. Во текот на активностите беше разговарано со граѓаните за ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од него. Исто така, беше разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и тешки кражби во куќи и станови. Во делот на семејните прослави и други веселби им беше укажано за последиците од пукање со огнено оружје. Во рамки на сите активности беа поделени и летоци со едукативна содржина.