26 август 2022

Превентивна активност на РЦ за ГР Исток на подрачјето на ПС за ГП и ГН Ново Село


На 24.08.2022 полициски службеници од РЦ за ГР Исток и ПС за ГП и ГН Ново Село на подрачјето на ПС за ГП и ГН Село, во рамките на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, спроведоа превентивна активност- средба со граѓани во месни заедници околу заштита од пожари и почитување на делумна забраната за движење во шума, како и спречување на ширење на болеста африканска чума кај свињите.

Во текот на активностите беше разговарано со месното население околу ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од него, при што беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Превентивната активност се одржа во салата за состаноци на Општина Ново Село, на која беа присутни претставници на општината и претседателите на поголем дел од месните заедници и други граѓани.