Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето", на 24.08.2022 полициски службеници од СВР Битола и Полициските станици Ресен, Крушево и Прилеп спроведоа повеќе превентивни активности.
Во текот на активностите беше разговарано со граѓаните за ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од него. Исто така, беше разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и тешки кражби во куќи и станови.
Во делот на сообраќајот, во Прилеп беа спроведени превентивни активности под мотото „Биди внимателен и совесен учесник во сообраќајот" и „Носи кацига". Во рамки на сите активности беа поделени и летоци со едукативна содржина.