22 август 2022
Полициската станица Крушево - СВР Битола со превентивна активност во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022"
Полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение за безбедност во сообраќајот Крушево во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност во рамки на оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022" и кампањата ,,Вози одморен'' во централното подрачје на Крушево. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативни содржини.