19 август 2022

Превентивни активности на ОВР Ресен

Денеска 19.08.2022 во времето од 09.00 до 12.00 часот Полициската станица Ресен спроведе превентивна активност за превенција и заштита од кражби и заштита од пожари на подрачје на ОВР Ресен. Поделени беа и летоци со едукативна содржина.
На 18.08.2022 од страна на полициски службеници од полициска станица Македонски Брод во содејство со надворешната канцеларија за криминалистичка полиција М.Брод во времето од 09:00 до 12:00 часот во с. Грешница, с.Горно и С. Долно Крушје беше оставена средба со месното население и на истите им беше извршено укажување за заштита и превенција од пожари на отворен простор и шумски пожари. Поделени беа и едукативни летоци за заштита од пожари. Исто така на 18.08.2022 година од страна на Полициска станица Македонски Брод во содејство со полициско одделение за безбедност на сообраќај Мак.Брод спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот" Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот! "НОСИ КАЦИГА". Воедно беа и поделени летоци со едукативна содржина.