На 17.08.2022 година, во временскиот период од 10.00 до 14.00 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп беа преземени мерки и активности по оперативниот план „Безбедно лето" и „Лето без пожари" на подрачјето на Општина Прилеп и на локациите споменик Могила на непобедените, како и патниот правец кој води кон с.Волково, с.Прилепец, с.Селце при што беа поделени летоци со содржина на тема „Шумите се наше најголемо богатство да ги чуваме" и беше разговарано со месното население.
Исто така на 17.08.2022 полициски службеници од Полициското одделение Велушина, по планот „Безбедно лето", „Заштита од пожари" и „Мирна заедница - безбедна заедница", спроведе превентивна активност со делење на летоци и совети до месното население за превенција и заштита од кражби, со посебен акцент за кражбите во куќи и станови.
На 16.08.2022 СВР Битола и Полициската станица Ресен во рамки на оперативниот план „Безбедно лето", спроведоа зајакнати превентивни и оперативни мерки. Во текот на активностите беше разговарано со месното население околу ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од него, при што беа поделени и летоци со едукативна содржина.