На 10.08.2022 година од страна на полициски службеници Регионалниот центар за гранични работи Исток и Полициска станица за граничен надзор Пехчево, во с.Двориште - Општина Берово во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“ спроведена е превентивна активност - средба со граѓани на тема „Сезона без пожари 2022 “ и „Делумна забрана за движење во шума“.
Активноста е спроведена во соработка со месната заедница с.Двориште, заедно со претставници од ПСШ „Малешево“ Берово и Шумска полиција Берово.
Присутните беа запознаени со причините и последиците од настанување на пожари на отворен простор, заштита од пожари и навремено информирање при забележување пожар на бесплатните телефонски броеви (112, 192 и 193). Исто така, присутните граѓани на средбата беа информирани за делумната забраната за движење во шума и за постапката за вадење на дозволи за движење во шума.
За време на превентивните активности на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.