10 август 2022

Превентивна активност на ПС Свети Николе "Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно"


Денеска (10.08.2022) во рамки на оперативниот план Безбедно лето 2022, полициски службеници од ПС Свети Николе во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Свети Николе спроведоа превентивна кампања насочена кон возачите на мотоцикли и електрични тротинети „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“. Оваа активност има за цел подигање на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин и намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура.
Како резултат на активностите, изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот. Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Штип покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
Превентивните активности продолжуваат и во наредниот период.