Во склоп на оперативниот план Безбедно лето 2022, денеска (10.08.2022) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа превентивна активност на зелениот пазар во Куманово, со цел заштита од џепни и други кражби. Полициските службеници на граѓаните им поделија летоци со практични совети за поголема заштита од џепни и други кражби и имотни деликти и низ кратки разговори, ги советуваа кои мерки да ги практикуваат и на што треба посебно да внимаваат при купување и движење на јавни места. Исто така, беше разговарано и беа поделени материјали со едукативна содржина со цел заштита од пожари.