10 август 2022

Превентивна акција на Полициската станица за безбедност на сообраќајот во Прилеп


Денеска (10.08.2022) полициски службеници од СВР Битола-Полициска станица за безбедност во сообраќајот во Прилеп спроведоа превентивна акција со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. На граѓаните, меѓу другото, им беа поделени и летоци со едукативна содржина за тоа како треба да се однесуваме во сообраќајот и со почитувањето на правилата и прописите сите да придонесеме за побезбеден сообраќај.