09 август 2022

Превентивна активност на СВР Велес: Справување со пожари на отворен простор

На 09.08.2022 во просториите на Регионалниот центар за гранични работи Југ се одржа работен состанок на тема „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2022 години во рамките на оперативниот план Безбедно лето 2022". На состанокот присуствуваа претставници на институциите во чија надлежност е справувањето со пожарите и тоа: од Противпожарната бригада на Кавадарци, од Отсекот за превенција при СВР Велес и од ОВР Кавадарци, од Дирекцијата за заштита и спасување, од Јавното претпријатие „Национални шуми"-Подружница БОР Кавадарци и од Центарот за управување со Кризи ЦУК-Кавадарци.


На состанокот беше потенцирана потребата од итно и навремено известување, комуникација и координација како важен сегмент во фазата на рано предупредување и превенција од пожари, која во голема мерка ќе ја намали потребата од интервенција со поголеми сили и средства и локализирањето ќе биде извршено пред проширување на пожарот со вклучување на помал број човечки и материјално - технички ресурси. Беа договорени и низа мерки за подобра координација и поефикасно справување со пожарите.