08 август 2022

Превентивни активности на СВР Куманово за заштита од кражби, палење оган на отворен простор и непрописно паркирање

По планот за „Безбедно лето“ СВР Куманово преку своите организациски единици реализираше превентивна активност со граѓани кои живеат во населбата „Гоце Делчев“ Куманово.


При непосредни средби на граѓаните им беа поделени летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори им беше укажано околу ризиците од палење оган на отворен простор и последици од истиот.


Воедно, на непрописно паркираните возила беа поделени летоци во форма на платен налог.