05 август 2022
Превентивна активност на СВР Битола - „Безбедна заедница - мирна заедница“
На 05.08.2022 СВР Битола-Полициска станица Прилеп и Полициска станица Демир Хисар реализираа превентивна активност со граѓани кои живеат во колективни станбени објекти и во централните градски подрачја на Прилеп и на Демир Хисар по планот за "Безбедно лето 2022". На средбата беше разговарано за заштита од провални и разбојнички кражби. На граѓаните, исто така, им беа поделени и летоци со мотото "БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА МИРНА ЗАЕДНИЦА".