ОВР Дебар изминатиот викенд спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, криминалистичката полиција, претставници од Советот на родители, од Секторот за образование при локалната самоуправа, како и на Центарот за социјални работи, во периодот од 22.00 до 02.00 часот извршија обиколка низ угостителските објекти, како и места на отворено каде во ноќните часови најчесто се собираат младите. Целта на кампањата е, родителите да видат какви се условите каде што излегуваат младите, кои угостителски и други јавни места ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
На одговорните лица во угостителските објекти им беше нагласено на строго придржување на работното време и на забраната за престој на малолетници по 24 часот. Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и целосно почитување на законските одредби пред се од Законот за прекршоци против јавниотред и мир.