31 јули 2022
Превентивни активности во рамки на "Безбедно лето 2022" на подрачјето на Демир Хисар
Во текот на вчерашниот ден (30.07.2022) СВР Битола, Полициска станица Демир Хисар заедно со РСБСП под мотото - Безбедно лето, реализираа превентивни активности во рамките на кампањата „ВОЗИ ОДМОРЕН'' на подрачје на Демир Хисар. На возачите им беа поделени флаери со едукативни содржини како и ладна вода за освежување. Исто така беше разговарано со нив за актуелни теми од областа на безбедноста на сообраќајот.