Денеска (28.07.2022) во рамките на проектот „Безбедно лето 2022" и проектот „Безбедна заедница-мирна заедница", како и превенција од кражби и заштита и превенција од шумски пожари, командирите на Полициската станица Велес и на Полициското одделение Чашка на подрачјето на општина Чашка остварија средба со претседателите на месните заедници и градоначалникот на општина Чашка во салата на Советот на општината.
При активностите, со месното население беше разговарано околу ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од него, а поделени беа и летоци со едукативна содржина во рамките на кампањата.