27 јули 2022

Превентивна активност „Безбедно лето” на СВР Битола -ПО Новаци и ПС Македонски Брод

Денеска 26.07.2022 во рамките на проектот "Безбедно лето 2022" и проектот "Безбедна заедница-мирна заедница" како и превенција од кражби и заштита и превенција од шумски пожари, полициски службеници на подрачјето на општина Новаци остварија средба со граѓани кај манастирот св. Архангел Михаил, с. Скочивир, Општина Новаци. Истиот ден, од страна на полициски службеници од СВР Битола - Полициска станица Македонски Брод во с.Вир, с.Црешнево, с.Модриште и с.Локвица беа преземени превентивни мерки и активности за заштита од пожари. При активностите со месното население беше разговарано околу ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од истиот, а поделени беа и летоци со едукативна содржина во рамките на кампањата.