26 јули 2022

Превентивна активност на СВР Битола и Полициската станица Демир Хисар

На 26.07.2022, во рамките на проектот „Безбедно лето“, претставници од Полициската станица Демир Хисар со претставници од Ј.П. Национални шуми на подрачјето на Демир Хисар и денес продолжуваат со активности во насока на давање препораки и совети за заштита и зачувување на шумските и останатите површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, како и препораки за превенција од пожари на отворен простор. Исто така, на возачите на автомобили и на жителите им беа поделени и флаери со едукативна содржина.


Со овие активности за заштита од пожари, Отсекот за превенција, координирано со вклучување на сите институции, ќе продолжи во текот на летниот период.