23 јули 2022

СВР Битола и Полициската станица Демир Хисар со превентивни активности во рамки на проектот „Безбедно лето“


Денеска (23.07.2022), во рамките на проектот „Безбедно лето“, претставници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар и Отсекот за превенција при СВР Битола со претставници од Ј.П. „Национални шуми“ на подрачјето на Демир Хисар извршија разговори со граѓани и им дадоа совети за заштита и зачувување на шумските и останатите површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, како и препораки за превенција од пожари на отворен простор. Исто така, на жителите им беа поделени и флаери со едукативна содржина.

Со овие активности за заштита од пожари, Отсекот за превенција, координирано со вклучување на сите институции, ќе продолжи во текот на летниот период.