21 јули 2022

Превентивна активност на СВР Куманово за спречување на настанување на пожари на отворено и во шуми

Во рамки на кампањата „Безбедно лето“, а во пресрет на претстојниот празник „Илинден“ кога излетничките места помасовно се посетени од граѓаните, вчера (20.07.2022) Отсекот за превенција при СВР Куманово и полициски службеници од Полициско одделение Старо Нагоричане на подрачјето на Општина Старо Нагоричане спроведоа превентивни активности за спречување на настанување на пожари особено на отворен простор и во шуми. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина со основни безбедносни совети како да се постапи при откривање шумски пожар, а воедно им беше укажано да бидат особено внимателни во престојниот период и да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, да го заштитиме животот и здравјето и личниот и имотот на другите.
Отсекот за превенција, со активностите за заштита од пожари ќе продолжи во текот на летниот период.