20 јули 2022

Безбедно лето: СВР Велес со едукативен материјал во врска со користење на мобилен телефон при управување на возило


На 20.07.2022 во периодот од 12.00 до 13.00 часот, Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со Одделението за полиција и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци спроведе превентивна акциска активност во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето“.

За време на превентивните активности на учесниците во сообраќајот им беше поделен едукативен материјал-летоци во врска со користење на мобилен телефон при управување на моторно возило. Ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период во рамки на „Безбедно лето“, сѐ со цел превентивно да се делува за намалување на несреќите во сообраќајот, но и во однос на други безбедносни ризици кои се особено чести во текот на летниот период.