20 јули 2022

Одделението за превенција при СВР Скопје со превентивни активности на наплатна рампа на излез од Скопје – Глумово во рамки на „Безбедно лето“


На 19.07.2022 година, во периодот од 16.00 до 19.00 часот на наплатна рампа Глумово, од страна на полициски службеници од Полициско одделение Сарај и претставници од Национални шуми преземени се активности во врска со планот за превенција од пожари, а во рамки на кампањата „Безбедно лето“, со цел заштита на шумите од пожари.
Станува збор за активности кои се дел од проектот „Лето без пожари“, при што на наплатната рампа на излез од Скопје – Глумово, во правец од Скопје – Тетово, од страна на полициски службеници беа сопирани моторни возила и на возачите им беа споделени летоци со едукативна содржина за заштита на шумите од пожари и шише вода за освежување додека патуваат, согласно слоганот што е обележје на проектот „Водата да ја користиме за пиење, а не за гаснење на пожари“.