15 јули 2022

СВР Куманово во соработка со Црвен Крст со превентивни активности во рамки на кампањата „Безбедно лето 2022“


Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, СВР Куманово-Отсек за превенција, во соработка со Oпштинска организација на Црвен крст Куманово реализираше низа превентивни активности за јакнење на свеста кај пошироката јавност и за безбедноста во летниот период во сообраќајот со мотоцикл, заштита од кражби, како и спречување на пожари на отворен простор.

Воедно, активисти на Црвен крст изведоа повеќе симулациски вежби за укажување на помош при сообраќајна незгода при возење мотоцикл без заштитна опрема, за одговорно однесување на отворен и шумски простор и спречување на пожари на отворен простор. Со овие активнсоти на граѓаните им беше укажано на законската обврска за пружање прва помош на повредени при сообраќајни несреќи, како и навремено пријавување на каква било несреќа.

Вакви активности се реализираат повеќе пати во текот на еден месец и се делат летоци со различна содржина и порака кои се однесуваат на безбедност во летниот период во повеќе сегменти на секојдневното живеење.