На 14.07.2022 од страна на Отсекот за превенција и Одделението за полиција при СВР Битола во содејство со Национални шуми беше реализирана превентивна активност согласно со кампањата "Лето без пожари", при што беше посетено месното население од селата Цапари, Ротино, Рамна, Лера, Доленци, Братиндол, како и други места од битолскиот регион каде населението беше запознато околу ризиците и штетните последици од пожарите и како превентивно да делуваат во период на летните месеци се со цел заштита на јавните добра и подобрување на заедничката соработка помеѓу полицијата и граѓаните.
Во рамките на активноста поделен беше и едукативен материјал со препораки и совети.