СВР Куманово преку своите организациски единици континуирано презема мерки и активности за информирање на граѓаните и укажување на превентивни мерки за спречување на пожари особено на отворен простор и во шуми. Во тек се постојани активности во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“ Куманово каде во непосредни средби на граѓаните им се делат летоци со основни безбедносни совети и како да се постапи при откривање шумски пожар. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни особено во престојниот период и да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, а со тоа да го заштитиме животот и здравјето како и личниот и имотот на другите.
СВР Куманово потсетува дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици.